Во соработка со главниот спонзор на клубот Подравка, а по повод 64 години од формирањето на клубот беше изработен календар на кој ракометарките на клубот заблескаа во свечени фустани.
Освен што се одлични ракометарки, девојките покажаа и дека одлично се снаоѓаат пред фотографскиот објектив како модели. Роденденската атмосфера ја пренесоа и на календарот на кој боите на фустаните кои ги носат се одлично ускладени со производите на спонзорот кои ги рекламираат.
„Подравка во својата 64 годишна традиција ја обележа историјата на Хрватска со успесите и трофеите. Среќни сме што со овој календар ќе ја одбележиме роденденската прослава. Им се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во оваа приказна со која ја заокружуваме нашата соработка по повод големиот јубилеј“, изјави Маринка Акрап директор на маркетинг секторот на Подравка.