Тимот на Металург одигра два меча против полската Висла Плоцк, но ракометарите и стручниот штаб нема да имаат многу време за одмор пред новите предизвици.
Металурзи мораа останат ден повеќе во Полска поради пропуст на авиокомпанијата со која патуваа, па дури синоќа се вратија во Македонија.
Денеска имаат двојна доза тренинзи, а веќе утре ги чека нов натпревар од Лигата на Европа, а ривал е рускиот првак Чеховски Медведи.
По дуелот со „мечките“, в недела ќе се тргне на пат преку Белград до Виена со автобус. Во австриската престолнина ќе се игра мечот со Фиверс на 23 феруари.
По враќањето во Скопје на 24 февруари ќе следува и куп натпреварот против составот на Куманово, кој веројатно ќе се игра на 25 или 26 февруари, а на 2 март ќе следува и дуелот против Адемар Леон во СЦ „Борис Трајковски“.
Нема што, металурзите ги чекаат пеколни десетина дена.