За да немаат големи паузи – „здравите“ тимови можат предвреме да играат натпревари од календарот

Коронавирусот направи вистински хаос во ракометот, одложени се огромен број натправари како европски, така и од нацоналните првенства. Не е поштеден и полскиот шампионат, а федерацијата понуди решение за одигрување на натпереварите.

Во договор со клубовите, раководството на полската лига одлучи екипите кои немаат заразени играчи и се потполно здрави да можат меѓусебе да се договорат за одигрување на дуелите надвор од календарот, известува sportowefakty.wp.pl.

Оваа одлука е донесена откако беа откажани голем број натпревари од редовниот календар на полскиот шампионат со цел „здравите“ екипи да немаат долга пауза без ракометни натпревари.

Ова особено е важно за екипите кои имаат настапи во европските натпреварувања, кои на овој начин би го одржувале натпреварувачкиот ритам. Келце веќе го одигра својот натпревар од 8. коло против Калиш, додека Вибже Гдањск и Гвардиа Ополе го одиграа мечот кој според распоредот требаше да го играат во 11. коло.