За Вардар нема одмор – гостува во Битола, а таму еднаш се „изгоре“

За ракометарите на Вардар нема многу одмор. По вчерашниот дуел од Лигата на шампионите против Веспрем, вардарци утре продолжуваат со обврските во Суперлигата.

Македонскиот првак ќе гостува во Битола, во салата „Боро Чурлевски“ и ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2.

Тимот предводен од Александар Јовиќ до минатиот викенд беше единствен со победа на Вардар на домашна сцена (27-26), а на листата сега е и „постариот брат“, кој славеше среде Скопје (23-24).

Избраниците на Давид Дејвис по тој пораз на домашен терен, сега не смеат да си дозволат нов кикс во Суперлигата и мора да триумфираат на сите мечеви од плеј-офот, ако сакаат да останат во трка по титулата.

Но сигурно ниту Еурофарм Пелистер 2 нема да се предаде однапред, туку ќе се бори пред „Чкембари“, кои се очекува да ја исполнат салата во Битола.

Еурофарм Пелистер, пак, по поразот од Нексе во Лигата на Европа, исто така се враќа на обврските во Суперлигата, а во Битола доаѓа незгодниот состав на Охрид, додека во последниот натпревар од 3 коло во плеј-офот ќе играат Бутел Скопје и Тиквеш.

Суперлига, плеј-оф, 3 коло:

2/4, 15:00 часот, Еурофарм Пелистер – Охрид
2/4, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар
2/4, 18:30 часот, Бутел Скопје – Тиквеш

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140