По освоените титули во првенствата на Македонија и Полска, со Вардар и Келце, започна одморот на Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ.
Некогашните соиграчи од македонскиот тим со понежните половини Душица и Марија Андоновски ги полнат батериите на хрватскиот остров Хвар.
Карачиќ ја освои двојната круна во Полска, додека ист беше случајот и со германскиот интернационалец, кој освои двојна круна со Вардар.
Од следната сезона Дисингер ќе игра за Динамо Букурешт, додека Карачиќ ќе ја одработи последната сезона од договорот со Келце.