Заслужено – Томовски е голман на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

По одличната партија на дуелот против Монпелје, голманот на Вардар – Мартин Томовски доби признание.

Медиа тимот на ЕХФ го смести македонскиот голман во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.

Томовски запре 14 удари на противничкиот тим и беше меѓу најзаслужните за големиот триумф среде Франција.

Покрај Томовски, во идеалниот тим имаше место и за Скубе, Обрановиќ, Наи…а компилацијата на најдобрите моменти на ракометарите во идеалниот тим може да ја погледнете ТУКА.