Македонскиот шампион Ѓорче Петров се активираше на трансфер пазарот пред двата дуели против Јарослав во рамки од Европскиот Куп. Нова ракометарка во тимот на Симе Симовски е голманката од Романија Жужана, Наоми.
Романката ќе им се придружи на Слободанка Кицеска, Софи Ѓошевска и Зорица Хасаноска на голманската позиција и ќе биде на располагање за двомечот против незгодниот состав на Јарослав од Полска.
23-годишната голманка ќе биде засилување и за натпреварите од плеј-оф фазата, каде што Ѓорче Петров ќе ја брани шампионската титула, но исто така ќе атакува на освојување и на Куп трофејот.
Раководствата на Ѓорче Петров и Јарослав се договорија двата натпревари од Европскиот Куп да се играат во Скопје, во салата „Автокоманда“.
Првиот, на кој полскиот клуб ќе биде формално домаќин е на програмата на 13 јануари од 18:00 часот, додека реваншот е утредента исто така од 18:00 часот.