Засилувањето на кавадарчани ќе дебитира против своите

Екипата на Тиквеш во последен момент доби уште едно засилување на стартот на сезоната и веќе во 2. коло (денеска) ќе има нов играч на терените кој зад себе има искуство и настапи во репрезентацијата на Македонија.

Уште пред неколку дена стана јасно дека Стефан Дрогришки ќе остане во Македонија, но кариерата ќе ја продолжи во Тиквеш и тој денеска ќе го има првиот настап откако се стекна со право за игра.

Распоредот на сезоната сакаше во 2. коло Тиквеш да игра против Еурофарм Пелистер така што денеска ќе има можност против својот поранешен клуб да го има првиот настап во дресот на кавадарчани.

Овој натпревар се игра во салата „Јасмин“ и почнува од 19 часот.

Како што е познато, Дрогришки играше за Еурофарм Пелистер 2, а одлучи да замине за Кувајт. Сепак, во последен момент доби понуда од тимот од Кавадарци и се реши да ја прифати така што останува дома.