Словенечкиот среден бек и актуелен член на Кил, Миха Зарабец од следната сезона би можел да биде ново засилување во екипата на Висла Плоцк, пренесува полскиот портал „Спортове Факти“.
Искусниот ракометар, кој од 2017 година го носи дресот на ,,зебрите” најверојатно нема да го продолжи договорот со некогашниот европски шампион и во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик.
Според споменатиот медиум, раководството на Висла Плоцк испратило понуда до Зарабец и наскоро треба да биде познато дали средниот бек на Кил ќе продолжи во полскиот вицепрвак.
На позицијата среден бек во Висла Плоцк моментално настапува репрезентативецот на Русија, Димитри Житников и интернационалецот од Јапонија, Кошкуе Јашура. И на двајцата ракометари договорите им истекуваат на лето.
Зарабец веќе шест сезони настапува за Кил, а во својата кариера го носеше дресот и на Целје. Токму од Целје направи трансфер од соништата и заигра за Кил каде што се афирмираше како играч и стана еден од најдобрите средни бекови на светот.