Екипата на Кил утре гостува во Скопје во 6. коло од Групата во Лигата на шампионите, а Вардар ќе биде домаќин на уште еден силен ривал.
Дека нема да им биде лесно и на „зебрите“ покажува и изјавата која ја дава репрезентативецот на Словенија, Миха Зарабец. Тој смета дека во Скопје е секогаш интересно и дека Вардар годинава игра повторно добро така што ќе биде навистина тешко да се дојде до бодови.
„Вардар има само два бода помалку од нас и сезонава игра добро. Знаеме колку е тешко да се освојуваат поени во Скопје. Атмосферата таму е секогаш пеколна. Навивачите се луди по ракомет. Ние имаме победено во Скопје и сега Вардар ќе сака да надомести. Ќе биде тешко. Сакаме да ги земеме двата бода од ова гостување. Ќе биде навистина интересно. Со нетрпение ја очекувам играта и посебната атмосфера која ја прават навивачите“, вели Зарабец.
Натпреварот се игра утре во СЦ „Јане Сандански“. Почетокот е во 20:45 часот.