Европското првенство во машка конкуренција стартува денеска, а меѓу првите натпревари кои ќе бидат одиграни од првата фаза ќе биде и дуелот меѓу селекциите на Словенија и Македонија.
Еден од главните ракометари во словенечкиот табор, Миха Зарабец очекува тежок натпревар против избраниците на Кире Лазаров.
„Натпреварот против Македонија ќе биде тежок, како и секогаш. Македонците играат многу брз ракомет. Тие се еден добар тим, надополнет со неколку одлични поединци. Ќе видиме што ќе се случи на денешниот натпревар. Концентрирани сме за овој дуел, прво треба да ја победиме Македонија, па потоа ќе се подготвуваме за вториот натпревар од групата против Данска“, изјави Зарабец за 24 Ракомет.
Натпреварот помеѓу Словенија и Македонија ќе стартува со почеток од 18:00 часот. Судии на оваа средба ќе бидат Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија.