Зарабец за 24Ракомет: Имаме шанса против Барселона – тие се плашат од нас (ВИДЕО)

Ракометарот на Кил, Миха Зарабец, кој со „зебрите“ има освоено една шампионска титула во ЛШ, на Ф4 турнирот во Келн кој ќе се одржи во претстојниот викенд ќе има шанса да дојде до втора титула во елитното клупско натпреварување. Кил за да дојде до зацртаната цел ќе треба прво да ја совлада Барселона во првиот полуфинален натпревар, а потоа во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Келце и Веспрем. Средниот бек на Кил смета дека во утрешното полуфинале голманите на двете екипи ќе бидат пресуден фактор за епилогот од средбата, односно нивното расположение меѓу стативите, како и бројот на направените грешки. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на еден од главните адути на Филип Јиха...