Започнува големата борба за Ф4 во Келн

Денес ќе се одиграат првите четвртфинални дуели во рамките од Лигата на шампионите кај мажите.

Во терминот од 18:45 часот дуел во Плоцк ќе имаат полскиот вицепрвак Висла и актуелниот шампион на Германија, односно на Бундес лигата, тимот на Магдебург.

Избраниците на Хавиер Сабате ќе се обидат да направат поволен резултат, со цел да немаат никаков притисок на реванш дуелот, кој ќе се одигра на 17 мај во Магдебург.

Интересен дуел се очекува и во вечерниот термин од 20:45 часот каде екипата на Кил ќе биде домаќин на најбогатиот европски клуб ПСЖ.

Останатите два четвртфинални дуели се на утрешната програма. Унгарскиот гигант Веспрем ќе игра против Келце, додека најголемото изненадување, данскиот шампион ГОГ, ќе биде домаќин на актуелниот бранител на титулата – Барселона.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 КРОНОН – МАШЕКА (БЕЛОРУСИЈА)

16:30 РАПИД – БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)

17:00 КАРВИНА – ПЛЗЕН (ЧЕШКА)

18:00 СЕСВЕТЕ – ПОРЕЧ (ХРВАТСКА)

18:00 ЗУБРИ – ЛОВОСИЦЕ (ЧЕШКА)

18:00 ФЕХЕРВАР – ДЕБРЕЦЕН (УНГАРИЈА)

18:00 ФТЦ – КИШВАРДА (УНГАРИЈА)

18:15 СОЛА – СТОРХАМАР (НОРВЕШКА)

18:30 ЕРИЧЕ – САЛЕРНО (ИТАЛИЈА)

18:45 ВИСЛА ПЛОЦК – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:00 ЗАГРЕБ – НЕКСЕ (ХРВАТСКА)

19:00 ГРАЦ – ТИРОЛ (АВСТРИЈА)

19:00 ОДЕНСЕ – АРХУС (ДАНСКА)

19:30 ЕСБЈЕРГ – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)

19:30 БРИКСЕН – САСАРИ (ИТАЛИЈА)

19:30 ДЕСПИНА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)

20:15 НАЕРБО – ЕЛВЕРУМ (НОРВЕШКА)

20:45 КИЛ – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)