Запознајте ја Романија: Четирикратен светски првак што 11 години чека настап на Мундијал

Ривалот со кој Македонија се соочи во баражот за Мундијалот во 2019 година, Романија одново се наоѓа на патот на најдобрата селекција на нашата земја во машка конкуренција, но за Светското првенство следниот јануари во Полска и Шведска.

Македонија за ривал доби добро позната селекција бидејќи Романија е тим против кој пред четири години немаше поголеми проблеми за да се дојде до пласман на шампионатот кој се одржа во Германија.

СО ПЛУС ОСУМ НА РЕВАНШОТ ВО КЛУЖ

И тогаш распоредот на натпреварите беше ист односно прво се играше натпревар во Скопје, а потоа во Романија. Во Скопје, Македонија победи со 32:24, а во Клуж претрпе пораз од еден гол разлика, 25:26.

Голем дел од ракометарите кои уште се во составот на Македонија. Романија повторно го има истиот селектор како тогаш, Чави Пасквал. Тој сега е одново предводник на Романците бидејќи е тренер и на Динамо Букурешт и многу подобро запознаен. Романците чекаат од 2011 година место на големите натпреварувања така што тоа ќе бидат цели 12 години без учество (со оглед на тоа што СП се одржува следната година) и ова ќе биде навистина тежок бараж.

На првата средба одиграна во Скопје најефикасен беше Лазаров со осум гола, а шест имаше Манасков. По три гола постигнаа Стоилов, Талески, Миркуловски, Георгиевски и Кузмановски. Прв стрелец на Романците беше Ракоцеа со шест гола.

Манасков беше најефикасниот на реваншот со осум гола, додека Лазаров заврши со пет, а Стоилов со четири погодоци. Во репрезентацијата на Романија најефикасен во Клуж беше Григорас.

УБЕДЛИВИ ДО БАРАЖОТ

Романците поседуваат тим кој е спој на играчи со големо искуство зад себе на клупски план, но и на играчи кои имаат перспектива. Во квалификациите за баражот кои ги играа на домашен терен обезбедија три победи. Го совладаа Израел со 33:30 и Молдавија со 33:23, додека против Кипар имаа службени 10:0. Како првопласирани од Групата 3, Романците без проблеми дојдоа до место во баражот, а сега ќе бидат сериозна пречка за Македонија.

Григоријас, Талмајер, Симицу… се играчи кои ќе бидат сериозна закана и затоа ќе мора сериозно да биде сфатен овој двобој против ривалот кој во минатото имаше огромни успеси, но во последните три децении е далеку од европскиот и светскиот крем.

ПОЗНАТ СЕЛЕКТОР СО ГОЛЕМИ КЛУПСКИ РЕЗУЛТАТИ

Пасквал е искусен стратег. Зад себе има богато минато на клупата на Барселона каде што до лани ја имаше минато целата своја кариера. Тој ја водеше Барса од 2009 до 2021 година и со неа освои 11 титули во Асобал лигата, 10 во Копа дел Реј, 11 во Лига купот, 10 во Супер купот на Шпанија, трипати победуваше во Лигата на шампионите, а петпати на Светското клупско првенство.

Ова се сериозни бројки за Пасквал и дефинитивно тој има големо тренерско минато зад себе.

Селектор на Романија првпат беше од 2016 до 2018 година и тогаш беше и баражот против Македонија. Откако загуби се откажа од селекторската работа. Сепак, откако минатото лето стана тренер на Динамо Букурешт одново ја прифати и селекторската задача.

ЧЕТИРИ МУНДИЈАЛСКИ ТИТУЛИ, ЧЕТИРИ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛИ…

Во последните три децении селекцијата на Романија речиси редовно испаѓа во баражите или квалификациите за европските и за светските првенства. Падот на квалитетот резултирашње без место на Мундијалите од 2011 година. Од 1995 година досега селекцијата на Романија била на СП само во 2009 и 2011 година. На европските првенства играше во 1994 и 1996 година, а после ова следува голема пауза бидејќи немаше веќе ниту едно изборено место.

Во 1961, 1964, 1970 и 1974 година селекцијата на Романија беше светски првак. Тогаш едноставно доминираше во светот и тоа беа златните времиња. Што се однесува до Олимписките игри последен пат Романија играше на нив во 1992 година. Медали освојуваше на четири игри по ред. Сребрен во 1976, а бронза во 1972, 1980 и 1984 година.

Романците се далеку од европски репрезентативен крем и пред Пасквал е тешка работа за да успее да го крене квалитетот и да ја врати селекцијата на големите натпреварувања. И тие гледаат шанси против Македонија, но дефинитивно нема да биде лесно бидејќи Македонија еднаш веќе ги елиминираше речиси со истиот состав како сега така што посилна за Лазаров, Манасков, Маркоски… може да се надева на позитивен резултат во дуелот против Романија.