Запознајте ја маскотата на Европското првенство во Унгарија и Словачка (ФОТО)

Следното европско првенство во Унгарија и Словачка ќе се одржи следната година од 13 до 31 јануари.

Медиа тимот на ЕХФ објави дека маскотата на континенталниот собир ќе биде елен, но се уште нема име.

Понудени се три опции – Пренки, Голди и Трики, а фановите ќе имаат можност до 30 мај да го изберат името на еленот.

ЕП ќе се игра во три унгарски града – Будимпешта, Сегед, Дебрецин и во два словачки града – Братислава и Кошице.