Најново засилување за европскиот шампион Вардар е хрватскиот репрезентативец Јосип Векиќ.
Десниот бек играше за Загреб во првата полусезона во Лигата на шампионите и постигна три погодоци, а вториот дел го мина на позајмица во Дубрава. Во регионалната СЕХА, „плинарите“ не го пријавија десниот бек.
Тој има 22 години, висок е 210 сантиметри и тежок 100 килограми, а Лино Червар го вметна на списокот пред Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска по повредите на Мартиновиќ и Шебетиќ, но во последен момент се реши да оди на собирот само со Лука Степанчиќ.
Погледнете дел од дефанзивните квалитети на новиот вардарец…