Запознајте го новиот голман на Вардар – Пајакот од Кувајт (ВИДЕО)

Вардар се комплетираше на голманската позиција, покрај Борко Ристовски и Васил Гогов пристигнуваат Мартин Томовски и Кувајтскиот интернационалец Али Сафар. Токму Сафар се очекува да биде големо засилување, 27 годишниот голман имаше одлична сезона и беше прогласен за најдобар играч во првенството на Кувајт. Тој е висок 199 сантиметри и има 106 килограми а во својата земја тој има прекар „Пајак“. Професионалната кариера ја започнал во 2014 година во Ал Салмија, а во 2019 година преминал во Кувајт. Трансферот во Вардар е негово прво искуство во Европа. Во следното видео може да ги погледнете надјобрите интервенции од настапите во домашното првенство.