Во петок ќе започне новата, 11. сезона во регионалната СЕХА лига. И оваа година ќе се игра по истиот систем од лани. Ќе учествуваат десет екипи, поделени во две групи. Во регуларниот дел настапуваат осум екипи, меѓу кои и македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, додека Веспрем и Мешков Брест имаат привилегиран статус и ќе стартуваат од четвртфиналето. По осминафинале и четвртфинале, веќе стана традиционално, сезоната да заврши на стартот на следната, во септември, кога ќе се одржи завршниот турнир во СЕХА.
Во својата дебитантска сезона во СЕХА лигата, Мотор Запорожје заврши на чекор од настап на фајнал-фор турнирот не успевајќи да го помине Мешков Брест во четврт-финалето. Минатата сезона тие успеаја да го обезбедат своето прво учество на завршниот турнир во СЕХА лигата, но загубија од фаворизираниот Веспрем во полуфиналето. Потоа имаа неверојатен настап против Мешков Брест во мечот за бронзениот медал кој им овозможи да обезбедат доминантна победа од 31:20.
Во претстојната, за нив трета сезона во натпреварувањето, Украинците сигурно ќе се обидат да направат дополнителен исчекор и својот неверојатен напредок од последните неколку сезони да го крунисаат со настап на СЕХА фајнл-фор турнирот и во финалето да се борат за престижната СЕХА титула.
Кога нивниот ростер и ќе го споредиме со претходните сезони, јасно можеме да видиме зошто Мотор Запорожје е во подем во последно време. Голмани се Генадиј Комок, Иван Мароз и Максим Виуник. Комок им помогна да обезбедат неколку важни победи во регуларниот дел од минатата сезона, а Мароз имаше 12 одбрани во натпреварот за третото место во Задар минатата сезона, како еден од клучните играчи за неговиот тим во неверојатната победа над Мешков.
На крилните позиции се Захар Денисов и Олександар Касаи лево, Артем Козакевич, Едуард Кравченко и Јуриј Кубатко од десната страна. Звучи добро, а уште подобро функционира на теренот за Украинците со нивните крилни играчи кои обезбедуваат квалитет не само во офанзивата, туку и на дефанзивата. На линијата од шест ги имаат Вјачеслав Бохан, Иван Бурзак, Денис Василев и Дмитро Тиутник. Тука можеме да го додадеме и одбранбениот специјалист од Шпанија, Карлос Молина Косано. Со него и Бохан средниот дефанзивен блок изгледа и функционира одлично. Во нападот тие често се потпираат на Бохан и Василев.
За да функционира на најдобар можен начин, на секој оркестар му треба добар диригент, а за Мотор тоа е Аиденас Малашинскас. Малашинскас има неверојатна голгетерска способност, но знае и како да ги искористи сите офанзивни можности што ги има неговиот тим на најдобар можен начин. Во тешките моменти тие обично се свртуваат кон другиот искусен бек – Барис Пуховски или Олександр Тилте. Дмитро Хориха е задолжен за левата страна во нападот заедно со Јонас Трухановичиус и младиот Ихор Турченко. Од десната страна сега го имаат Лука Шебетиќ кој ќе ја дели минутажа со Владислав Донцов.
Својот квалитет во тимот го докажа и тренерот Гинтарас Савукинас, што е уште една причина зошто во Мотор Запорожје се надеваат дека ќе одат до крај оваа сезона. Кога ќе се земе во предвид тоа колку добро и разноврсно изгледа нивниот состав тие дефинитивно имаат право да се надеваат на најдобар резултат.