Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од Лигата на шампионите која по долго време се враќа во Битола.
Битолчани се најдоа во потешката група А со Келце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Загреб и Колстад.
Според првичниот распоред, првиот натпревар од новата сезона Еурофарм Пелистер ќе го одигра дома во Битола против Загреб на 13/14 септември, додека првото гостување ќе биде против Келце на 20/21 септември.
Втор гостин во Битола кон крајот на септември ќе биде екипата на Кил, а следната година, во февруари во Битола ќе гостуваат Келце и ПСЖ.
Сепак како што најави ЕХФ, можни се отстапки од овој распоред, во договор со клубовите и ТВ куќите што ќе ги пренесуваат натпреварите следната недела ќе биде објавен конечниот распоредот.
Распоред на натпревари, Лига на шампиони, група А:
13/14.09.2023, Еурофарм Пелистер – Загреб
20/21.09.2023, Келце – Еурофарм Пелистер
28/29.09.2023, Еурофарм Пелистер – Кил
11/12.10.2023, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
18/19.10.2023, Колстад – Еурофарм Пелистер
25/26.10.2023, Еруофарм Пелистер – ПИК Сегед
15.16.11.2023, Алборг – Еурофарм Пелистер
22/23.11.2023, Еурофарм Пелистер – Алборг
29/30.11.2023, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
06/07.12.2024, Еурофарм Пелистер – Колстад
14/15.02.2024, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024, Кил – Еурофарм Пелистер
27/28.02.2024, Еурофарм Пелистер – Келце
06/07.03.2024, Загреб – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – ќе игра против Келце, Кил, ПСЖ, Загреб, Алборг…