Заокружете во календарот: Познати термините за „војната“ меѓу Вардар и Веспрем

Европската ракометна федерација заедно со клубовите учесници ги потврди термините за осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Вардар ќе се соочи со унгарскиот гигант Веспрем, а веќе можете да ги заокружите во спортскиот календар, датумите на двата меча.

Првиот натпревар се игра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ на 31 март во 18:45 часот, додека реваншот е на гостински терен.

Тој ќе се игра за седум дена, на 6 април во „Веспрем Арена“ со почеток од 18:45 часот.

Вардар стигна до петтото место во групната фаза, а тоа му го донесе четвртопласиранот тим од другата група. Ако го елиминира Веспрем, Вардар во четвртфиналето ќе се соочи со Алборг.