Тренерот кој неодамна доби отказ од Партизан, Ненад Максиќ кариерата ќе ја продолжи во Катар и тоа во редовите на Ал Араби.
Максиќ со катарскиот клуб потпишал договор до крајот на сезоната. Во тимот на Ал Араби Максиќ ќе биде тренер на македонскиот интернационалец Стефан Атанасовски, а таму се уште Вуко Борозан, Даниел Шариќ и уште многу други ракометни ѕвезди.
За српскиот стратег ова нема да биде прво искуство во Катар затоа што претходно од 2018 до 2020 година го водеше тимот на Ал Сад, а завршениот мандат во Партизан беше исто така негов втор, овој клуб го водеше и од 2014 до 2018 година.
Во неговата прва епизода во Катар со Ал Сад успеа да го освои купот и третото место во шампионатот.