Тимот на Стружанка обезбеди место во четвртфиналната фаза од Купот на Македонија, откако славеше на домашен терен против Астибо од Штип со 27-19.
И покрај тоа што Марија Анчева постигна 14 гола за гостинскиот тим, во следната фаза од Купот продолжува Стружанка.
Нерешено беше само на стартот, 1-1, а потоа си го фатија редот избраничките на Владимир Паноски и до паузата стигнаа до плус осум, 16-8.
Второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија и оние со помала минутажа, но резултатски не се промени ништо.
Во победничкиот тим, најдобар стрелец беше младинската репрезентативка Далипоска со осум гола, а по шест дадоа Бојана и Ивана Затуроски.
Противник на Стружанка во четвртфиналниот натпревар утре во Струга ќе биде победникот од дуелот меѓу Металург и Овче Поле СУ.
Куп на Македонија, жени, осминафинале:
Група 1
18/3, 16:30, Скопје – Спартак
18/3, 19:30, Ѓорче Петров – Чаир
19/3, 17:00, финале
Група 2
18/3, 16:00, Вардар – Шампион
Деспина – Кузман Вардар 35:16
19/3, финале, Вардар/Шампион – Деспина
Група 3
Стружанка – Астибо 27-19
18/3, 19:00, Овче Поле СУ – Металург
19/3, финале, Стружанка – Овче Поле СУ/Металург
Група 4
Пелистер – Гевгелија 26:17
19/3, 17:00, финале, Пелистер – Куманово