Тимот на Партизан Гевгелија славеше против Овче Поле со 37-33, во натпревар од 4 коло во прволигашкиот плеј-аут.
Гостите од Свети Николе предводени од Бојан Гичев, кој запиша 13 гола, диктираа темпо и резултат во првиот дел, но дозволија во финишот пресврт од гевгеличани, кои заминаа на пауза со плус три, 17-14.
Партизан во второто полувреме набрзина поведе со 21-15, но гостинските ракометари се вратија 21-18. Сепак тоа беше се од нив, гевгеличани одново заиграа подобро во нападот и до крајот не ја испуштија предноста.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Илија Роглев со девет и Горан Лисичков со седум погодоци, додека освен Гичев, кај Овче Поле се истакна и Александар Димитров со седум гола.
Партизан Гевгелија во следното коло игра дома со Бисинов, додека Овче Поле ќе гостува кај Борец во Велес.