Ракометарите на Веспрем со заедничка вечера го започнаа собирот пред стартот на новата сезона.
Во составот на унгарскиот тим ќе бидат петмина поранешни членови на Вардар – Рожерио Мораес, Дејан Манасков, Вуко Борозан, Хорхе Македа и Данил Шишкарев.
Во стручниот штаб останува Давид Дејвис, а Арпад Штербик веројатно ќе биде тренер на голманите, додека Марија Лојаница ќе се грижи за кондицискиот дел.
На вечерата беа присутни сите 20 ракометари што ќе бидат дел од ростерот на Веспрем во новата сезона.