Загуби функција бидејќи го навредуваше српскиот претседател Вучиќ!

Претседателот на српскиот суперлигаш Партизан, Жељко Перкуниќ е разрешен од местотото член на Управниот одбор на АРКУС лигата, поради недолични навреди кон претстедателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Од Ракометната федерација на Србија соопштија дека Перкуниќ на вонредната седница на Собранието на Суперлигашкиот сојуз на ракометни клубови во Србија (АРКУС) бил разрешен со мнозинство гласови, односно за негово разрешување гласале 23 од вкупно 25 членови.

,,Недозволиво е кој било носител на јавна или општествено одговорна функција на таков начин и без трошка одговорност да се однесува кон Република Србија и нејзините легитимно избрани органи, а особено не кон претседателот Александар Вучиќ, кој, меѓу другото, направи исклучителен придонес во одредувањето на средствата во последните три години, благодарение на што многу клубови успеаја да го одржат своето постоење или значително да ја подобрат својата работа”, соопштија од АРКУС лигата.