На долгата серија од 60 натпревари без пораз на словачкиот првак Татран Прешов во домашното првенство и дојде крајот.
Клубот што играше на последното издание на Струшкиот турнир, загуби на домашен терен од Повашка Бистрица со резултат 30-33.
Тоа се должи на тешкиот распоред и играњето на пет фронта. Во саботата Татран Прешов играше меч во чешкото првенство со Брно, па очигледно премногу беа два меча во два дена за избраниците на Радослав Антл.
Татран Прешов покрај настапите во словачкото првенство и Куп, игра во чешкото првенство, ќе биде активен и во регионалната СЕХА лига и во Лигата на Европа.