Загреб ја продолжи доминацијата, на теренот на Нексе ја потврди 30. титула

Ракометарите на Загреб во неизвесен финиш славеа на гостувањето кај Нексе во вториот плеј-оф дуел за шампион на Хрватска со 24:26. Со овој триумф стигнаа до шестиот бод во разигрувањето со што повторно се шампиони освојувајќи ја 30. титула во домашното првенство.

Загреб одлично отвори и после првите десе минути имаше солидно водство од 3:7. Во следните минути Нексе успеа да се врати и да намали само на минус еден гол. До крај на првиот дел се играше гол за гол, а на паузата гостите има предност од 9:11.

Почетокот на вториот дел донесе одново висока предност на Загреб, Чупиќ со два гола и по еден на Муса и Кларица гостите имаа највисоки пет позитива на дваесет миниути до крај. Со таква разлика се влезе и во последните минути, а Нексе во завршницата се обиде да дојде до пресврт и да се избори за уште еден натпревар.

Сепак во финишот во клучните моменти на високо ниво беше голманот на Загреб, Матеј Мандиќ кој одбрани седмерец и потоа одбиената топка која дојде до играчите на Нексе. Со овој триумф Загреб ја одбрани шампионската титула и ја продолжи доминацијата во домашното првенство.

Најефикасни во составот на Нексе беа Мелиќ со шест гола и Томиќ со четири погодоци. Во составот на Загреб прв стрелец беше Иван Чупиќ со десет гола, а пет постигна Лука Кларица.