Екипата на Кил во тежок и неизвесен натпревар славеше на гостувањето кај ППД Загреб со 27-28 во рамки на 13.коло од Лигата на шампионите. Со овој триумф „зебрите“ се наоѓаат на второто место во групата А. Јунак на натпреварот беше десниот бек Харал Рајнкинд кој во последната секунда погоди за победа на Кил.
Избраниците на Филип Јиха добро го започнаа натпреварот и со трите гола на Дувњак поведоа со +2, 1-3. Загреб лошо се враќаше назад а тоа Кил знаеше да го казни. Во 9-та минута при резултат 5-2 за Кил, тренерот на Загреб Ивица Обрван побара тајм-аут за да ја разбуди својата екипа. По минутата одмор „плинарите“ заиграа подобро, одбраната беше поагресивна, Славиќ беше несовладлив па Загреб со серија од 5-0 дојдe до +3. До полувремето Кил се што успеа да направи е да намали на -1 со голот на Винчек, но Вистороп, Шипиќ и Кларица се погрижија Загреб да замине на пауза со +3.
Стартот на второто полувреме започна со одземена топка на Кил поради пасивна игра, а Мандиќ во контра напад погоди за највисоки + 4. Кил брзо успеа да се совземе, ја сменија одбраната во зона 3-2-1, а тоа им донесе резултат. Со брзи голови „зебрите“ направија серија од 6-0 и со голот на Пекелер во 39-та минута го презедоа водството, 19-18. Дувњак имаше шанса да зголеми на +2, но неговиот удар на празен гол заврши во дирекот.
Во продолжението на натпреварот се играше гол за гол. Сагосен и Винчек погодуваа за Кил, а на спротивната страна Чупиќ и Мандиќ не дозволуваа противникот да се одлепи на поголема разлика. Во последните десет минути од натпреварот екипата на Загреб имаше шанса да ја врати предноста, но шутот на Обрановиќ заврши покрај голот. Пропуштената шанса на Загреб, Кил знаеше да ја искористи па со головите на Дувњак и Рајкинд поведоа со +2, 25-23.
Во последните пет минути се влезе со нерешен резултат 26-26. Раинкинд успеа да постигне гол за водство на Кил Кил поведе со голот на Раинкинд имаше и шанса да отиде на +2, но Дино Славиќ не дозволи да биде совладан.
Последниот напад на натпреварот го имаше екипата на Кил. Одговорноста ја презеде данскиот десен бек Ранкинд кој со шут од десет метри го совлада Славиќ и донесе победа на својата екипа. Најефикасни во редовите на Кил беа Домагој Дувњак и Харалд Раинкинд со пет погодоци. Во екипата на Загреб листата на стрелци беше предводена од Давид Мандиќсо шест гола.