Загреб остана без леви бекови пред финалето со Веспрем!

Тимот на Загреб, кои како „лаки лузер“ стигна до завршниот турнир во СЕХА, пред финалниот дуел има големи проблеми.

Тренерот Ивица Обрван за двобојот со Веспрем најверојатно нема да смета на тројца ракометари што играат на левата бековска позиција.

Матеј Хрстиќ се повреди на реваншот со Вардар, па не играше против Мешков Брест, а токму на таа средби повреди заработија Звонимир Срна и Сандро Обрановиќ.

Најавите на хрватските медиуми се дека нема да бидат подготвени за финалето со унгарскиот тим кој ја брани титулата во СЕХА, па на Обвран му останува да го користи максимално Един Клис, босански интернационалец кој има 20 години.

Финалето меѓу Загреб и Веспрем се игра утре во „Вишњик“ во Задар од 19:00 часот, додека мечот за третото место меѓу Мешков Брест и Мотор Запорожје почнува од 16:30 часот.