Загреб одбра наследник на легендата што се пресели во Македонија

Хрватскиот шампион Загреб остана без капитенот Златко Хорват, кој првпат ќе игра во странство и тоа во македонскиот Металург.

„Плинарите“ одбраа замена за него, па во новата сезона избраниците на Игор Вори ќе имаат друг капитен.

Станува збор за чуварот на мрежата Матеј Ашанин, кој лани се врати во хрватската престолнина, откако играше за Адемар Леон и Спортинг Лисабон.

„Искрено, бев изненаден кога ми го соопштија тоа пред сите момци. Чест ми е, тоа е сјаен потег на управата која покажа дека ми верува. Не е лесно по Златко Хорват, кој е институција“, вели Ашанин за „Спортске Новости“.

Загреб во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига.