Загреб никако да победи, играчите почнаа да заминуваат

Лошиот старт на сезоната во тимот на ППД Загреб придонесе за тренерска смена, па на местото на Игор Вори дојде Владо Шола. Сепак, очигледно е дека тоа нема да биде единствената промена бидејќи веќе почна и заминувањето на одредени ракометари.

По Жига Млакдар, вториграч кој го напушти тимот на ППД Загреб е репрезентативецот на Црна Гора, Милош Божовиќ. Играчот кој има 25 години повеќе не е дел од клубот откако се договори со раководството на спогодбен раскин на договорот.

Тој дојде во клубот во февруари и досега одигра девет натпревари и постигна 36 година. Божовиќ во Загреб дојде од тиот на Татабања, но очигледно не успеа доволно да се снајде, па на крајот немаше друг избор освен да го напушти клубот.

Засега нема информации кој клуб ќе биде следниот во неговата кариера, но веќе има неколку екипи кои би го виделе во своите редови. Сепак, за клубовите од Лигата на шампионите нема д биде добро засилување бидејќи нема да има право на настап.