Загреб немоќен во Германија, Кил лесно запиша нови два бода

Во рамките од 4. коло од Групата А во Лигата на шампионите, Кил беше убедлив против Загреб со 36:28, со што шамионот на Германија дојде до третиот триумф.

Ракометарите на Ивица Обрван самоуверено влегоа во натпреварот и по неколку минути игра имаа водство од 2:0. На германската екипа и требаше малку време за загревање, па така кон крајот на осмата минута, Кил преку Хорак го обезбеди своето прво водство, 4:3, откако претходно резултатот беше 3:3.

Водството на актуелниот шампион на Германија постепено се зголемуваше. Во првата половина од првиот дел, Кил ја зголеми својата предност на 8:6, а неколку минути подоцна, Сагосен беше успешен за 9:6. Гостите главно преку Чупиќ се обидуваа да се вратат во игра, на моменти губеа и со еден разлика, но на полувреме мораа да заминат со минус три, 15:18.

Кил продолжи во победнички стил и во второто полувреме. Предноста на поранешниот европски шампион беше зголемена на највисоки пет разлика, 23:18, по пет минути игра во вториот дел. Веќе во последните петнаесетина минути, ракометарите на Загреб никако не можеа да им парираат на поискусните противници. Популарните „зебри“ рутински го одработија последниот дел од натпреварот и стигнаа до третата победа во новата сезона од најквалитетното натпреварување.

Во победничката екипа, Харалд Рајнкинд беше најефикасен со осум гола, додека седум постигна Домагој Дувњак. Иван Чупиќ и Филип Вистороп од ППД Загреб постигнаа по шест гола. Во следното коло, Кил ќе ги одмери силите со унгарскиот шампион, ПИК Сегед. Составот на Ивица Обрван во 5. коло ќе гостува во Норвешка кај Елверум.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ1090118
2ПСЖ ХЕНДБОЛ1070314
3СПОРТИНГ1061313
4ФУКСЕ БЕРЛИН1060412
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1050510
6ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР102266
7ВИСЛА ПЛОЦК102084
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА101183