Според информациите на хрватскиот портал Germanijak.hr, тимот на Загреб во следната сезона би можел да биде посилен со талентираниот ракометар Џанфранко Прибетиќ.
22-годишниот ракометар, кој настапува на позицијата кружен напаѓач го носи дресот на Нексе, но најверојатно во следната сезона ќе се пресели во хрватската престолнина и ќе биде дел од тимот на Славко Голужа.
Нексе освен Прибетиќ, на споменатата позиција ги има на располагање уште Марио Томиќ, Марко Рашиќ и Иван Петровиќ.
Прибетиќ во Загреб ќе формира дуо на пикерската позиција заедно со Матич Сухолежник, кој исто така на лето од Целје ќе го засили тимот на ,,плинарите”.
Двајцата ракометари ќе бидат замена за Жељко Муса и Никола Граховац, кои во следната натпреварувачка сезона 2023/24 ќе настапуваат во Луцерн, односно Балинген.