Раководството на хрватскиот првак Загреб очигледно сака што побрзо да заборави на тековната промашена сезона, барем во Лигата на шампионите, и се врти кон новите предизвици.
Хрватите се активираа на трансферот пазарот, а веќе се договорени и првите засилувања. Станува збор за десното крило Владо Матановиќ и левиот бек Милош Божовиќ.
Матановиќ е ракометар на Горење Велење и еден од најдобрите стрелци на словенечкиот тим, а веќе дебититраше и за сениорската селекција на Хрватска под водство на Лино Червар. Претходно беше член на Козала, Бузет и Умаг.
Тоа значи дека нашиот Ненад Костески добива сериозна конкуренција, ако се знае дека на десната крилна позиција се уште Златко Хорват и Јосип Божиќ Павлетиќ.
Божовиќ е црногорски репрезентативец, кој во последните две сезони беше член на унгарска Татабања. Потекнува од Будванска Ривиера, беше член на Сиудад Реал и Ваљадолид, словенечкиот Горење пред настапите во Унгарија.
Кои ракометари од актуелниот ростер на Загреб ќе добијат шут-карта, на кои ќе им биде продолжен договорот, ќе биде познато кон крајот на декември.