Екипата на ППД Загреб одигра одличен натпревар против Флензбург, но немаше среќа во завршните моменти од натпреварот да дојде до подобар резултат и да извлече барем бод против тимот од Германија.
Во текот на целиот дуел гостите беа во водство, но како се ближеше крајот борбените домаќини се доближуваа. Најинтересни беа последните минути така што претходниот дел од средбата останува во заборав.
На полувреме резултатот беше 11:9 за тимот на Флензбург, а највиската предност беше во финишот од првите 30 минути кога резултатот беше 11:7.
Сепак, после 11:9 на одмор во вториот дел од средбата предноста на Флензбург постојано се движеше од еден до три гола. Имаше надигрување и нијанси беа во прашање кој ќе дојде до бодовите. Загреб успеа двапати да се одбрани и да има шанса за нерешен резултат, но не успеа да искористи.
Практично топката беше до крајот на средбата кај домашните, но последниот шут не беше искористен така што остана 25:26, па Флензбург си замина со бодовите од Загреб.
Во победничкиот состав без грешка биеше, Мариуш Штајнаузер, кој имаше седум од седум. По петпати во листата на стрелците се запишаа Норвежаните Јондал и Јоханесен. Кај домашните Шипиќ беше стрелец на осум, а Мандиќ на шест гола.