Загреб „играше“ 52 минути, на Вардар осум му беа доволни за финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

После големо надигрување во кое Вардар успеа од минус шест на осум минути до крајот да дојде до нерешени 26:26 и да победи после пенали, „црвено-црните“ обезбедија ново финале во СЕХА лигата. Средбата имаше интересен тек, но на крајот, сепак, вардарци беа тие што се радуваа. Ја имаа среќата за сојузник и таа им беше голема поддршка во обезбедувањето на пласман во финалето каде што следува дуел против Веспрем. Фото: Uros Hocevar/Jozo Cabraja/Anze Malovrh/kolektiff