Очигледно е дека оваа сезона Загреб ќе има тешка задача да ја одбрани титулата во Хрватска, па раководството се обидува со сите сили да го засили ростерот.
„Германијак“ пишува дека во редовите на „плинарите“ ќе се врати „протераниот“ Вуко Борозан, кој летоска без да одигра ниту една минута за Загреб, доби отказ.
Иако е надвор од преодниот рок, сепак Загреб може да се засили со Борозан, бидејќи тој во меѓувреме беше без клуб и не играше никаде. Како слободен играч ќе биде регистриран и ќе му се стави на располагање на тренерот Славко Голужа за дербито в сабота против Нексе.
Тој веќе тренира со Загреб, но не е познато колку ќе биде подтовен за игра на високо ниво. Летоска прво имаше корона, па повреди, па селидба, доцнење…па хрватскиот првак реши да се откаже од неговите услуги, но сега го враќа назад.