Загреб се искачи едно место повисоко на табелата во Група А од ЕХФ лигата на шампионите откако одигра нерешено 27-27 на гостувањето кај Динамо Букурешт. Хрватскиот првак може да жали што не победи, но и да биде среќен со освоениот бод. Каро Сиротиќ погоди на 20 секунди пред крај и му донесе реми на Загреб. Домашните не успеаја да организираат напад ниту пак сериозно да шутнат.
Драма имаше во последните десетина минути на средбата. Загреб влезе со предност од 24-22, но во 55 минута преку Негру Романците израмнија на 25-25. Потоа Динамо двапати водеше, но не успеа да го задржи водството.
Сега Загреб е на 6. место на тебалата со 6 бода, еден повеќе од Висла. Динамо остана на 4. место со 10 бода.
Хрватите во второто полувреме направи голем пресврт. Во 37 минута преку Тимур Дибиров гостите поведоа со 18-15 што беше највисоко водство за загребчани дотогаш на средбата. И не застанаа тука, имаа уште два напада што не ги искористија, па во третиот зголемија на 19-15.
Но, Динамо не се предаваше. При резултат 24-22 за Загреб гостите губат топка во напад, а во контра Букурешт добива пенал. Негри го утна пеналот во прв обид, но истот беше повторен поради прерано влегување на Дибров во деветте метри. Од повторениот одбид Негри релаизира и во 52 минута Букурешт намалува на 23-24.
По неколку обиди и грешки на Загреб, домашните во 55 минута израмнуваат на 25-25 навестувајќи драма во завршницата на средбата.
Во моменти кога Дибиров се обидуваше од крило да постигне гол, од клупата на Загреб побараа тајмаут, и тоа им се исплатеше бидејќи Русинот не погоди, а во целата врема во салата не се слушна свирчето на судиите, а Динамо го погоди пшразниот гол. За среќа акцијата мораше да се повтори. Она што не помина претходно сега беше повторено и Али Зеин го донесе Динамо во водство од 26-25 со погодок на празниот гол на Загреб.
Почетокот на мечот најави дека Загреб ќе игра на бодови. Имаа водство, се играше “гол за гол“, иако на полувреме Динамо водеше со 14-13.
Кај домашните ракометари крилото Андри Акименко постигна 6 гола, а по пет дадоа Негру и Али Зеин. Тимур Дибиров со седум постигнати гола беше најпрецизен кај Загреб.