Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, најверојатно ќе замине од каталонскиот гигант Барселона, иако има договор на 2025 година.
Барса го крати буџетот што изнесува 7.500.000 евра за најмалку 10%, а „жртва“ треба да биде токму Циндриќ, кој според пишувањата на „Мундо Депортиво“ заработува околу 700.000 евра годишно.
Најверојатно двете страни ќе најдат заеднички јазик – Циндриќ да ги добие сите плати за една сезона од двете на кои има договор, тој да биде раскинат и Хрватот да замине во друг клуб.
Барса и тренерот Ортега на средната бековска позиција ги има Домен Макуц и Пол Валера, а таму доколку има потреба може да помогнат и Блаж Јанц и Мелвин Ричардсон.
Циндриќ дојде во Барселона во 2019 година и освои две титули во Лигата на шампионите, па со онаа која ја освои во 2017 со Вардар, веќе има три.