Иако има договор до крајот на следната сезона со Ѓер, норвешката репрезентативка Аманда Куртовиќ, продолжението на оваа сезона ќе го мине во друг клуб.
Европскиот првак Ѓер на официјалниот веб-сајт, само откри дека ја праќа Куртовиќ на позајмица една полусезона и дека таа ќе се врати на лето.
Но јасно е дека лошата форма влијае на ваквата одлука и нема да биде изненадување ако таа воопшто не се врати во Унгарија.
„Јас се вратив дома и не знам што ќе биде. Сакам да се подружам со семејството и пријателите, одамна не сум ги видела. Имам високи амбиции, но ми треба нов старт. Кога ќе биде пзонат мојот нов клуб, не знам. Можеби следната недела, можеби во февруари. Отворена сум за понуди, но сега не сакам да мислам на ракомет неколку недели“, вели Куртовиќ за норвешките медиуми.