Новата сезона во регионалната СЕХА лига ќе се игра во две дивизии – Исток и Запад. Во источната дивизија ќе играат по четири руски и четири белоруски тимови, меѓу кои и Нева Санкт Петербург, тим што ќе биде спонзориран од гигантот Газпром.
Во Русија се раѓа уште еден гигант, што ќе им парира на ЦСКА Москва и Чеховски Медведи во борбата за трофеи, а амбициите одат до таму што веќе се споменува дека завршниот турнир ќе се одигра во Санкт Петербург.
Претходно треба да има посебни завршни турнири во двете дивизии, а слично како во НБА ќе има и трет Ф4 на кој би требало да играат најдобрите од двете дивизии. Со актуелната ситуација во тој регион во моментов ова е тешко остварливо, но во следниот период ќе има поконкретни информации од раководството на СЕХА.
Во западната дивизија, за која допрва треба да се потврди бројката на учесници и форматот, ќе играат и двата македонски претставници Вардар и Еурофарм Пелистер. Се очекува стартот на новата сезона во СЕХА да биде кон средината на октомври.
На последниот Ф4 во Задар, круната ја одбрани екипата на Веспрем, откако во финалето славеше против Задар со 32-30.