Завршниот турнир во СЕХА може да се игра сред лето!

На 17 март беше одложен завршниот турнир во СЕХА лигата, на кој досега обезбедија место Мешков Брест и Загреб, а блиску до него се и Вардар и Веспрем кои имаат позитива од првите четвртфинални натпревари.

Раководоството на регионалната конкуренција не избрзува со конкретни датуми за тоа кога би можел да се одржи собирот на најдобрите четири екипи, и чека официјално потврда од ЕХФ за европските купови.

Сепак, од Загреб размислуваат Ф4 да биде одржан на средината на август.

„Ние ги чекаме препораките од Виена, а ќе разговараме и со националните федерации чии клубови играат во СЕХА. Завршниот турнир не е откажан, туку само одложен. Чекаме ЕХФ да го објави календарот за европските купови, па ќе ги разгледуваме можните опции. Ф4 во СЕХА мора да се одржи пред Ф4 во ЛШ – тоа е јасно. Ние имаме идеја во Задар да се игра на средината на август. Потоа во септември да ја започнеме новата сезона во соработка со ЕХФ и со националните федерации. Друга опција е крајот на септември. Ова ќе биде доколку тимовите во август нема да можат да ги одиграат реваншите од четвртфиналето. Има можност четирите клуба (Веспрем, Војводина, Вардар и Нексе) да се соберат на едно место и да ги одиграат двата меча без гледачи“, изјави вицепретседателот на СЕХА, Борис Сапожњиков во интервју за рускиот „Брз Центар“.

Шампионот во СЕХА, Вардар, славеше во првиот четвртфинален наптревар во Нашице кај Нексе со 30-31 и остана да го одигра уште реваншот.