Европската ракометна федерација денеска објави дека завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн, ќе мине без присуство на гледачи.
Натпреварите на 28 и 29 декември во „Ланксес Арена“, екипите на Барселона, Кил, ПСЖ и Веспрем ќе се борат за трофеј пред празни трибини.
Сите четири полуфиналисти ќе бидат сместени во „балон“, а во Келн ќе биде и еден македонски репрезентативец – левото крило Дејан Манасков кој ги брани боите на Веспрем.
Германија влегува во строг карантин од среда до 10 јануари, како една од мерките во борбата против пандемијата на коронавирус.
Сите ракометари ќе бидат тестирани првпат пред католичкиот Божиќ, а потоа и ден пред заминувањето. Потоа ќе има нова серија тестови по нивното пристигнување во Келн, а само тие со негативен тест ќе влезат во „балон“.