Откако последниот Мундијал беше на африканскиот континент, следното Светско првенство се враќа на европско тло. СП во 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска од 12 до 29 јануари.
Домаќини ќе бидат девет градови (шест во Полска и три во Шведска). Гдањск, Лоџ, Вроцлав, Катовице, Гливице, Краков, Стокхолм, Малме и Гетеборг ќе угостат 32 селекции од цел свет за две години. Финалната рунда ќе се игра во Шведска.
Светскиот првак Данска има директно место на Мундијалот, како и двата домаќини. Во продолжение прочитајте како се распределени местата по континенти и федерации.
- Домаќин: 2 – Полска, Шведска
- Светски шампион: 1 – Данска
- Африка: 5
- Азија: 5
- Европа: 12 (4+8/3+9)
- Северна Америка и Кариби: 1
- Јужна и Средна Америка: 4
- Океанија/вајлд карта: 1
- Вајлд карта: 1
Европа ќе има 15 места (три селекции се пласирани, остануваат уште 12 места) за следниот Мундијал, а квалификациите ќе се одвиваат во две фази. Во првата фаза ќе играат селекциите што нема да обезбедат место на ЕП 2022 година поделени во четири групи, а претпоставката е дека четири (пет) селекции од првата фаза ќе обезбедат место во првиот бараж што се игра во март догодина.
Нив ќе им се придружат најслабите четири (пет) селекции од ЕП 2022 година, а победниците ќе обезбедат место во вториот бараж. Таму веќе ќе бидат пласирани селекциите што ќе се пласираат под петтото место (до 19 место) на ЕП 2022 година, со исклучок на Полска, Шведска и Данска.
Тие селекции заедно со победниците од првиот бараж ќе формираат осум (девет) двојки, што ќе играат втор бараж двомеч во април догодина. Победниците од тие двобои ќе се пласираат на Мундијалот во Полска и Шведска.
Доколку Македонија се пласира на ЕП 2022 година, а е многу блиску да го направи тоа, ќе заврши половина од работата. Доколку таму се пласира во втората рунда, сигурно ќе игра само еден бараж за СП 2023, но доколку не обезбеди место во втората рунда на ЕП, јасно е дека ќе имаме две пречки до настап на нов Мундијал.
Сето ова е базирано на претпоставка и не е официјализирано од страна на ЕХФ, но веројатно кон средината на годинава ќе добиеме поконкретна слика, како ќе изгледа патот на европските селекции до СП во Полска и Шведска.
Квалификации за СП 2023
- 1 фаза (принцип дома-гости или турнир)
1-7 ноември 2021 – 1 и 2 коло
3-16 јануари 2022 – 3, 4, 5 и 6 коло - 2 фаза (принцип дома-гости)
14-20 март 2022, бараж 1
11-17 април 2022, бараж 2