Ракометарот на Барселона, пивотот Луис Фраде откако ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено ќе го пропушти останатиот дел од сезоната и неговото враќање на терените ќе биде дури на почетокот од следната сезона.
Според официјалниот сајт на Барселона, операцијата на Фраде е закажана за 16 ноември. Вообичаено, закрепнувањето од таквиот вид на повреди трае најмалку шест месеци.
Фраде освен што ќе ги пропушти другите натпревари од Лигата на шампионите и Асобал лигата, нема да биде во можност да им помогне на своите колеги од репрезентацијата на Португалија на Европското првенство кое е закажано за јануари.
Барселона на позицијата пикер има уште една опција, а тоа е репрезентативецот на Франција, Лудовик Фабрегас. Французинот ќе мора самостојно да го изнесе товарот во следниот период додека не биде ангажирана замена за Фраде.