Тимот на Тор Акурејри, од кој се дел двајца Македонци – Стевче Алушовски и Томислав Јагуриновски, ја заврши сезоната на Исланд.
Тор Акурејри забележа два порази во полуфиналната плеј-оф серија за пласман во елитната лига на Исланд.
Тимот на Алушовски и Јагуриновски прво загуби на гости кај Фјолнир со 28-24, а на овој меч десниот бек беше втор стрелец со шест гола.
На вториот меч, кој Тор Акурејри го играше дома и имаше можност да се избори за мајсторка, загуби со 30-36, а македонскиот репрезентативец беше најдобар стрелец со девет погодоци.