Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Романските медиуми најавуваат дека досегашната ракометарка на хрватската Подравка е на добар пат да го засили тимот на Магура Чиснадие.
Романија не е непозната средина за Ѓорѓиевска, со оглед на тоа што ги носеше дресовите на Баја Маре и Крајова.
Во меѓувреме освен за Металург, Еуростандард и Кометал Ѓорче Петров, нашата репрезентативка играше и за Будуќност и унгарскиот Фехервар.