Американската ракометна репрезентација испиша историја на Мундијалот во Полска и Шведска, откако славеше победа над Мароко од 28-27.
Успехот е поголем ако се знае дека Американците настапуваат на Мундијалот по пауза од две децении. Првиот настап на СП го имаа во 1964 година, а последниот настап на СП оваа репрезентација го имаше далечната 2001 година, на СП во Франција каде го зазема последното 24. место со пет убедливи порази.
Како поминуваше времето Американците започнаа многу посериозно да му пристапуваат на ракометот, со желба и тие да станат фактор на светската ракометна карта. А дека нешто е променето преку барата кога е во прашање ракометната игра покажаа најпрво резултатите ова лето кога на квалификацискиот турнир за пласман на СП беше совладан Гренланд со 33-26. Тој резултат ги однесе САД на еден Мундијал после цели 22 години.
Ждрепката сакаше Американците да се најдат во групата Г заедно со Мароко, Египет и Хрватска. Токму Мароко беше првиот противник за Америка, и прва радост на големите натпреварувања.
USA 🇺🇸🇺🇸🇺🇸 First win in World Championship history❗️ #sticktogether @USATH pic.twitter.com/k848Vz0a9p
— Mistrzostwa Świata 2023 Polska | Szwecja (@handball2023) January 13, 2023