По Порто, Мешков Брест, Елверум, ПСЖ, уште еден ривал на Вардар од групата во Лигата на шампионите денеска го имаше првиот собир пред стартот на новата сезона.
Ракометарите на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед денеска ги направија медицинските прегледи, а иако имаше во план да одат на подготовки во Словенија, сепак ќе останат дома.
Избраниците на Хуан Карлос Пастор нема да спарингуваат со странски екипи, а ќе одиграат само три средби, од кои две се договорени со Орошази и Дабас.
Првото коло од унгарскиот шампионат ќе се игра на 2 септември, додека во првото коло во ЛШ, ПИК Сегед ќе игра со ПСЖ на 16 или 17 септември.