Некогашната ракометарка на Вардар, Полина Кузнецова, беше членка на „црвено-црниот“ тим во сезоната 2017/2018.
Во Скопје го запозна најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски, со кој започнаа љубовна врска.
Но се чини дека на љубовта и дошол крајот ако се суди по тоа што ниту Кузнецова, ниту Јотовски, повеќе немаат заеднички фотографии на нивните профили на социјалните мрежи.
Двајцата најчесто времето го поминуваа заедно во егзотични дестинации, како Дубаи, Малдиви, Мексико…